Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Властите на Гвајана запленија повеќе од четири тони кокаин наменет за Европа

2 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Властите на Гвајана вчера запленија над четири тони кокаин со вредност од 200 милиони долари, наменет за Европа Дрогата била пронајдена во подземни дупки во западниот дел на земјата, близу границата со Венецуела, изјави Џејмс Синг, шеф на одделот за борба против дрога во гвајанската царинска служба.

Синг објасни дека наркотрговците ја скриле дрогата во ископани дупки, кои ги покриле со даски.

Засега, никој не е уапсен во врска со пронајдените наркотици.

Во март, гвајанските власти запленија половина тон кокаин и уапсија двајца Венецуелци кои го пренесувале наркотикот. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ