Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Владата во Лондон предлага четиридневна работна недела со ист број работни часови

30 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Можете, на пример, да работите 10 часа дневно во четири дена наместо осум часа дневно, пет дена во неделата. Така, вие продолжувате да работите со иста количина на работа, но можете да посветите повеќе време на семејството, да бидете со вашите деца или да правите други активности - изјави денеска министерката за образование на Велика Британија, Џеки Смит.

Според неа, флексибилното работно време е всушност добро за продуктивноста, пишува Гардијан.

Министерката негираше дека владата во Лондон сака да им го наметне овој систем на работа на компаниите, а нејзиното тврдење го повтори и владиниот портпарол.

- Не планираме да наметнуваме четиридневна работна недела ниту на работодавачите, ниту на вработените. Сите измени на законот за вработување ќе се спроведуваат во соработка со претставниците на бизнисот - рече портпаролот.

Одделот за бизнис и трговија на Обединетото Кралство најави дека во рок од 100 дена ќе презентира дополнителни детали за овој предлог.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ