Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Венеција двојно ја зголеми цената на влезници за еднодневните посети, казната е 300 евра

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Надоместокот, кој исто така ќе се наплаќа подолг период до крајот на јули, не важи за оние кои ќе преноќат во градот. Гостите на хотелите во секој случај плаќаат туристичка такса.

Пролетта оваа година Венеција стана првиот град во светот кој на еднодневните посетители им наплатува билети од пет евра за престој во градот од 8:30 до 16 часот. Околу 485.000 туристи донеле 2,4 милиони евра во градската каса.

Туристите кои однапред ќе резервираат престој во Венеција повеќе од три дена, ќе им се наплаќа старата цена од пет евра. Локалните жители и децата помлади од 14 години не плаќаат влезници.

Надоместокот ќе се плати преку QR-код купен онлајн. Оние кои ќе бидат фатени без да платат такса се соочуваат со казна до 300 евра.

Масовниот туризам му носи голем приход на градот, но гужвите му создаваат и големи проблеми на локалното население. Приходите од надоместоците Градот планира да ги користи за одржување на патишта, канали и згради.

Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.

Во стариот дел на градот живеат нешто помалку од 50.000 жители. За гостите се обезбедени преку 50.000 легла.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ