Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Украинците соборија руски воен авион СУ-25 над Краматорск (ВИДЕО)

28 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Нашата армија собори руски авион Су-25 во правец на Краматорск, кој се обидуваше да ги гаѓа позициите на единиците на украинските вооружени сили“, се вели во соопштението, пренесува Укринформ.

Се наведува дека припадниците на противвоздушната батерија собориле руски борбен авион со проектил истрелан од системот за противвоздушна одбрана MANPADS.

„Од денеска на рускиот воен арсенал му недостасува еден авион, а неговите останки го красат пејзажот на Доњецк. Ѝ честитаме на бригадата на витезите за ударот“, се вели во соопштението на украинската армија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ