Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Уапсен лидер на грузиската опозиција

2 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Протестите избија откако владата минатата недела објави дека ги прекинува преговорите за пристапување на земјата во ЕУ. Критичарите велат дека тоа потврдува дека, под влијание на Русија, Грузија се оддалечува од Западот, тврдење кое владејачката партија го негира.

Најголемата опозициска партија во земјата, Обединетото национално движење, објави на мрежата Икс дека Зураб Џапаридзе, еден од нејзините водачи, бил уапсен од полицијата.

На снимката се гледа како маскирани полицајци го внесуваат Џапариџе во автомобил, кој не бил означен како полициски. Се уште не е јасно дали ќе биде обвинет.

САД и ЕУ изразија загриженост поради, како што велат, отстапување од демократијата во Грузија, земја со 3,7 милиони жители која се протега на границата меѓу Европа и Азија и била дел од Советскиот Сојуз.

Русија негира дека се меша во внатрешните работи на земјата. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ