Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Црвен аларм во Унгарија поради поплави- поставени над милион вреќи со песок (ВИДЕО)

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во Унгарија денеска, поради обилните дождови што ги донесе циклонот Борис во Западна и Источна Европа, стапи на сила предупредувањето за поплави од трет, највисок степен долж сите сектори на Дунав во Будимпешта, а унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на оперативното тело одговорно за заштита од поплави.

Утврдени се итни задачи и одобрени се плановите за заштита од поплави во наредните денови, изјави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваши, а пренесува агенцијата МТИ.

Орбан потврди дека се искористени сите технички и финансиски средства потребни за заштита од поплави.

Експертите за управување со водните ресурси во текот на викендот спроведоа низа заштитни мерки, објави на Фејсбук градоначалникот на унгарската престолнина Гергељ Карачоњ.

Тој вчера рече дека една од најважните мерки е затворањето на долните кејови Пешта и Буда од вечерва во 20 часот и посочи дека мора што поскоро да се отстранат сите возила што се паркирани.

Според прогнозите, Дунав ќе стигне до долниот насип утре наутро, рече тој.

Последните прогнози укажуваат дека водостојот на Дунав во втората половина од оваа недела ќе достигне максимални над осум метри.

Во меѓувреме, водоводот во Будимпешта, органот за управување со катастрофи и подизведувачите кои помагаат во одбранбената работа ќе стават на располагање еден милион вреќи со песок, од кои приближно 800.000 ќе се користат на островот Маргарет.

@mekdisol29 Storm Boris visits the #danube river in #vienna today a week 15.09.24 #flooding2024 #flooding #storm #hochwasser #austria #europe #weather #hochwasser #wein ♬ original sound - Shauna

Предупредувањето за поплави го прекина меѓународниот железнички сообраќај, а возовите меѓу Будимпешта и Виена се откажани.

Во Будимпешта поради покачувањето на нивото на Дунав е прогласена тревога за големи поплави, а патиштата се затворени.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој требаше да се обрати во Европскиот парламент оваа недела, рече дека ги одложува „сите свои меѓународни обврски“ поради поплавите.

Циклонот Борис донесе обилни дождови во Централна и Источна Европа, а најмалку девет лица загинаа во поплавите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ