Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски следната недела

19 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја.

-Веројатно, да, рече Трамп на прашањето дали ќе се сретне со украинскиот лидер следната недела, но не даде дополнителни детали.

Во последниве месеци, некои други светски лидери кои ги посетија САД на самити и состаноци со претседателот Џо Бајден завршија на средба и со Трамп.

Републиканскиот претседателски кандидат ќе се соочи со демократската потпретседател Камала Харис на изборите на 5 ноември. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ