Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Точно во 11 часот се огласија сирените низ Германија, на луѓето им стигнале и пораки

12 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Предупредувањето беше објавено во 11 часот од страна на Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи (ББК) во Бон. Граѓаните меѓу другото добија предупредувачка порака на мобилните телефони преку системот „Cell Broadcast“.

На мобилниот телефон се појавила порака која гласела: „Итна тревога. Ден на тревога низ целата држава“ притоа напомена дека нема опасност.

Денот на предупредување е одбележан низ целата земја на 12 септември, а наменет е за тестирање на алармните системи во случај на вонредна состојба, пишува Билд.

Секој поединец може да провери дали системот за предупредување на неговиот паметен телефон работи и да го реши проблемот доколку постои.

Иако федералната влада предупреди за опасноста и преку радио, телевизија, Интернет, дисплеи или камиони со звучници и сирени, предупредувачката порака преку мобилната услуга Cell Broadcast на мобилните телефони е најефективна.

„Без други канали за предупредување, не можеме директно да допреме до голем број луѓе“, соопшти Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ