Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Тинејџерот, кој направи масакр во училиште може да добие доживотен, татко му 180 години затвор

6 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Обвинителот Бред Смит го води случајот, а како што беше претходно најавено, на осомничениот ќе му се суди како полнолетен. Смит најави дека обвинението против Греј најверојатно ќе биде проширено, објави Си-Ен-Ен.

„Се очекува проширување на обвинението кога ќе пристигнат сите докази“, рече тој.

Судијата Кари Мајнгледорф рече дека тинејџерот не може да биде осуден на смрт бидејќи сè уште немал 18 години. Нему му се заканува максимална казна доживотен затвор без помилување.

Во 2005 година, Врховниот суд на САД пресуди дека малолетниците не можат да бидат осудени на смрт за злосторства извршени кога биле под 18 години. Продолжението на судењето е закажано за четврти декември.

Во меѓувреме, уапсен е и таткото на убиецот тинејџер Колин Греј (54), кој на својот син му купил пушка иако знаел дека е закана за себе и за другите. Таткото е обвинет за убиство од втор степен, а доколку биде осуден по сите обвиненија, му се заканува казна затвор до 180 години.

Интересно е што и мајката на тинејџерот убиец имала проблеми со законот. Минатата година против неа била распишана потерница за поседување забранети материи, како и за употреба на лажни сообраќајни таблички.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ