Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Столтенберг ја одобрува украинската офанзива во Русија

31 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Руските војници, тенкови и воени бази се легитимни цели според меѓународното право, вели Столтенберг за германскиот весник „Ди Велт“.

Правото на самоодбрана на Украина, која беше нападната од Русија пред повеќе од 900 дена, „не застанува на границата“, смета генералниот секретар на НАТО.

Според него, украинската контраофанзива не била планирана со НАТО и Алијансата нема никаква улога.

- Сепак, НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина со снабдување со оружје и опрема од витално значење за да се спречи руската инвазија, додаде Столтенберг./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ