Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Стармер ја отфрли идејата дека Обединетото Кралство треба да избира помеѓу САД и ЕУ

3 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој нагласи дека во национален интерес е да соработува со двете страни.

Стармер истакна дека Британија нема да му сврти грб на сојузот со САД, и покрај предизвиците што може да ги донесе мандатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но и дека ќе продолжи да ги зајакнува односите со ЕУ, најголемиот трговски партнер, по проблемите предизвикани од Брегзит, пишува Гардијан.

Тој рече дека откажувањето на избор меѓу американските и европските сојузници е „погрешно“ и нагласи дека британската влада треба да продолжи да соработува со двете страни, со цел „да се обезбеди национална безбедност и просперитет“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ