Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Скандал во Љубљана: Полицијата му поднесе кривична пријава на премиерот на Словенија

17 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Извештајот доставен до Специјалното државно обвинителство се заснова на тврдењата на поранешната министерка за внатрешни работи Татјана Бобнар и поранешниот в.д. директор на полицијата Боштјан Линдав. Иако не е објавена точната природа на кривичното дело споменато во извештајот, Голоб е обвинет за „корупциско злосторство“, пренесува Политико.

Голоб ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „бизарни“ и изрази изненадување што полицијата поднела пријава против него.

„Реално, не се работи за мешање во работата на полицијата, туку за политичка борба која Татјана Бобнар ја води од нејзината оставка пред две години. Ова е мојот збор против зборот на двајца политичари и го наоѓам навистина бизарно што денеска зборуваме за полициски извештај поради тоа“, изјави Голоб.

„Исто така, верувам во владеење на правото и затоа ќе одговорам на сите обвинувања и ќе ги отфрлам преку правни средства“, додаде тој.

Бобнар, која моментално работи како советник на претседателот на Словенија, поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи во декември 2022 година поради конфликт во кој го обвини Голоб дека вршел политички притисок врз неа за да влијае врз кадровските одлуки во полицијата, откако тој одбил да го продолжи мандатот на Линдав како полициски директор.

Кривичната пријава е резултат на двегодишна полициска истрага врз основа на обвинувањата на поранешниот министер. Специјалното државно обвинителство сега има можност да поднесе обвинение, да започне истрага за собирање дополнителни докази или да го отфрли извештајот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ