Снимките од неговата гаража полна со луксузни автомобили, меѓу кои и неколку Ферари, станаа вирални низ светот, објави Гардијан.
Во самата вила сѐ пука од луксуз. Свилена постелнина, куфери и облека од Луј Витон во палатата, како и луксузните бањи ги налутија бунтовниците кои во неделата го превртеа замокот на Асад. Сепак, салата на Башар ал Асад, која гледа на планината Касиун и градот Дамаск, предизвика особено негодување.
Стаклен ѕид со прекрасен поглед, клупа, разбој, душеци, велосипед за вежбање...поставени на неколку стотици квадратни метри го одземаат здивот, а бунтовниците кои упаднаа во салата на Асад уште повеќе збеснаа кога сфатија дека од салата продолжува џиновски стан во кој друга бања е цела во мермер, во која има уште едно џакузи.
Bashar al Assad’s private gym overlooking Mt Qasioun. Who the fuck needs TWO jacuzzis?? pic.twitter.com/Klow01ONlM
— Kareem Shaheen (@kshaheen) December 8, 2024
Да потсетиме, додека бунтовниците во неделата ги отвораа затворите и ги ослободуваа затворениците, стотици луѓе упаднаа во резиденцијата на Асад со намера да извадат сè што можат од неа, но и да му ја покажат на светот неговата ароганција.
Еден човек е виден како носи кадифен стол надвор од палатата преку рамо додека луѓето талкаат по мермерните ходници со изрезбан дрвен таван над нив. Има снимки и од куќата на Асад во блиската Ал-Малика, каде има меки црвени теписи, сјајни мермерни подови, но и облека и додатоци на најпознатите светски брендови како Диор и Луј Витон.
Потсетиме дека во 2022 година, Стејт департментот процени дека семејството Асад вреди 1,6 милијарди долари, додавајќи дека ова е груба проценка поради големата наплата на семејни средства „за кои се верува дека се распространети и скриени на бројни сметки, дека има бројни имоти, корпорации и офшор даночни раеви“.