Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Син на хрватски пејач е брутално убиен во Еквадор- го изрешетале среде улица

27 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Томислав живеел во Манта неколку години, а бил убиен во близина на неговиот дом. Локалните медиуми јавуваат дека во него пукале луѓе кои возеле мотор и дека бил застрелан четири пати. Тој не починал на местото на злосторството, туку во блискиот здравствен дом само неколку минути откако пристигнал таму.

На местото на злосторството пристигнале агенти на Националната агенција за истраги на криминал за да соберат докази и да започнат истрага. Засега не се знае мотивот за вооружениот напад и се уште нема уапсени за убиството.

Еквадорските медиуми објавија дека Зеленчиќ поднел пријава за грабеж во 2016 година, која била решена со помирување. Според Дневник, Зеленчиќ е син на задарскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес.

Минатата година Еквадор беше обземен од бран насилство организиран од криминални групи. Особено опасно беше во градот Манта, поради што властите во јуни таму преместија дел од вооружените сили. Во округот каде што бил убиен, годинава се забележани 292 убиства.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ