Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Воен авион се урна на пешачки премин во Еквадор, луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

27 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во авионската несреќа се повредени уште две лица. Еквадорските воздухопловни сили ги идентификуваа жртвите како капетан Дијана Руиз и кадетот Хуан Пачеко, објави Дејли Меил.

Авионот DA20-C1 со две седишта се урна за време на тренинг лет на пешачка патека во градот Ла Либертад.

На видеото од надзорните камери, кое се шири на социјалните мрежи, се гледа како авионот удира во преминот. Во несреќата повредени се и двајца мотоциклисти.

По несреќата, луѓето се приближиле до леталото и се обиделе да ги извлечат и спасат пилотите.

Авионот го користеле воздухопловните сили за обука на идните пилоти.

„Институциите во моментов ги спроведуваат сите законски процедури и даваат поддршка на семејствата погодени од непоправливата загуба. Ние стоиме во солидарност со семејствата на нашите колеги“, се вели во соопштението.

Дијана била искусен пилот, а поради нејзините вештини колегите ја нарекувале „Суперсонична жена“. Таа се приклучила на воздухопловните сили во 2007 година кога Еквадор им дозволи на жените да се приклучат во војската.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ