Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Шпигел: Германскиот министер за економија Роберт Хабек има намера да се кандидира за канцелар

8 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Хабек вчера по 5 години се врати на платформата Х и објави кратко видео на кое се гледа како носи нараквица на која пишува „ера на канцелар“.

Германската владеајачка „семафор коалиција“, во која „Зелените“, чиј лидер е токму Хабек, од завчера веќе не постои. Откако завчера либералите на Кристијан Линднер ја напуштија владата во моментов во германската политичка јавност главна политичка тема е кога ќе се закаже гласање доверба на владата на премиерот Олаф Шолц. Канцеларот најави дека тоа ќе се случи на 15 јануари, а по извесното паѓање на владата, предвремените парламентарни избори би се одржале кон крајот на март.

Од друга страна, лидерот на демохристијанската ЦДУ, најголемата и опозициска и во моментов најпопуларната партија во земјата, Фридрих Мерц, кого сите го гледаат како иден германски канцелар, инсистира на брзи рокови- гласање доверба веќе следната недела и избори до крајот на годината.

За него одлуката на Шолц за одложување на гласањето до јануари 2025 година е „неодговорно“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ