Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Израелскиот претседател ќе се сретне со Бајден во Белата куќа

11 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Се очекува двајцата претседатели да разговараат за тековните војни во Газа и Либан, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот претседател.

Поранешниот израелски амбасадор во САД, Рон Дермер, кој е и советник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, се очекува да му се придружи на Херцог на средбата со Бајден.

Бајден и Херцог се сретнаа во Белата куќа во јули 2023 година, а повторно во октомври истата година во Тел Авив. Нетанјаху и Бајден се сретнаа во Вашингтон во јули 2024 година.

Преговорите за прекин на огнот со посредство на САД, Катар и Египет постојано запираат, како и паралелните напори на САД и другите да ги запрат борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ