Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Шпанскиот крал го гаѓаа со кал во Валенсија, човек сакал да го удри со шипка (ВИДЕО)

3 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Луѓето фрлаа кал и извикуваа „убијци“ додека кралот се обидуваше да оствари официјална посета на една од најтешко погодените општини од смртоносните поплави.

Неговото обезбедување се обидело да го заштити кралот со чадор.

Еден човек со шипка го нападнал кралот и останатите членови на неговата придружба. Тој замавнал неколку пати, по што полицаецот го совладал.

Но, тоа не беше крајот. Разгневени мажи го опколиле кралот, додека толпата извикувала: „Убијци, убијци“. Полицијата едвај ги привела.

Погледнете го видеото.

Сцените од Паипорта открија зголемено чувство на напуштеност кај жителите на опустошените области и широко распространета лутина поради тоа што предупредувањето за останување дома во вторникот дојде дури откако веќе започнале поплавите.

Официјалната посета се случи во време кога бројот на загинати се искачи на 214, а градоначалниците на погодените општини ги молат надлежните за помош.

„Многу сме лути и очајни“, рече Гилермо Лујан, градоначалник на Алдаија. „Имаме град во урнатини. Мораме да почнеме од почеток и барам помош.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ