Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во ненадејна посета на Украина за прв пат по повеќе од две и пол години и веднаш по неговото пристигнување најави дека ќе го информира претседателот на Украина Володимир Зеленски за пакетот воена помош во износ од 650 милиони евра.
Во исто време, портпаролот на германското Министерство за одбрана, Митко Милер, на брифинг во Берлин изјави дека воената помош од 650 милиони евра што Шолц ја најави по пристигнувањето во Киев е дел од голем пакет вреден 1,4 милијарди евра, ветен уште во октомври, пренесе Укринформ.
„Зборуваме за акции објавени уште во октомври оваа година како дел од пакетот од 1,4 милијарди евра“, рече Милер.
Тој наведе дека пакетот помош ќе вклучува опрема за противвоздушна одбрана, на пример, преносни системи MANPADS, IRIS-T SLS и SLM, оклопни возила, како тенкови Леопард 1, БМП, извидувачки дронови, зимска опрема, топлински генератори и други.
#German Chancellor Olaf Scholz was introduced to advanced Ukrainian military drones with intelligent targeting capabilities during his visit to #Ukraine.
— UkraineWorld (@ukraine_world) December 2, 2024
New defense technologies, including collaborative German-Ukrainian weapon systems featuring AI-powered target guidance, were… pic.twitter.com/CUVJ9MWcPq
Милер потсети дека се развиени вкупно околу 50 проекти за воена помош на Украина, кои треба да бидат реализирани до крајот на годинава. Според него, испораките се одвиваат брзо овие месеци. Посетата на Шолц на Украина дојде само неколку недели откако Зеленски го критикуваше за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе АП.
Разговорот се одвиваше во услови на раширени шпекулации за тоа што новата администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе значи за Украина, откако идниот претседател вети дека ќе стави крај на конфликтот, наведува американската агенција.
Зеленски во петокот ненадејно сигнализираше дека кандидатурата за членство во НАТО за територија контролирана од Киев може да стави крај на „жешката фаза од војната“ во Украина. Шолц ја посети Украина пред предвремените германски избори кои се очекуваат во февруари, објави АП.
На почетокот на кампањата, Шолц укажа на статусот на Германија како втор најголем снабдувач на оружје за Украина, а исто така ја нагласи неговата „претпазливост“ во работата за спречување на ескалација на војната и одбивањето да испорача крстаречки ракети со долг дострел Таурус.
Шолц беше внимателен во врска со разговорите за забрзано членство на Украина во НАТО, наведува американската агенција. Во последните месеци тој ја истакна важноста да се најде пат кон мирот, нагласувајќи дека не смее да биде избран на сметка на Украина.
„Повеќе од 1.000 дена Украина херојски се бранеше од безмилосната руска агресивна војна. Со оваа посета сакам да изразам солидарност и јасно да кажам дека Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа“, рече Шолц. пристигнување во Украина.
Ова е втора посета на германскипот канцелар на Украина од почетокот на војната во таа земја.