Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Северна Кореја продолжува да испраќа балони со ѓубре кон Јужна Кореја

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во поширокото подрачје на Сеул, началниците на Здружениот штаб соопштија дека откриле 10 пакети ѓубре со пропагандни летоци од последното лансирање, објави агенцијата.

По извршената анализа не беа пронајдени опасни материи.

Пјонгјанг почна да лансира илјадници балони полни со ѓубре кон крајот на мај како одмазда за пропагандните летоци против Северна Кореја, испратени до Север од јужнокорејски активисти. Последното лансирање на вакви балони беше во саботата.

Како одговор на севернокорејските балони, јужнокорејската војска од јули наваму преку звучници долж границата секојдневно критикува анти-севернокорејски пропагандни преноси. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ