„Гем, сет и меч“, напиша тој. Маск го поддржуваше републиканскиот кандидат Доналд Трамп и беше активно вклучен во неговата кампања.
Трамп во август најави дека ќе му понуди на Маск работа во неговата администрација доколку победи на претседателските избори.
Републиканскиот претседателски кандидат одговори потврдно кога за време на интервјуто за Ројтерс беше прашан дали е подготвен да го назначи Маск на советничка позиција или да му даде место во кабинетот.
„Тој е многу паметен човек. Јас секако би му ја дал работата, ако ја преземе. Тој е брилијантен човек“, рече Трамп.