Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русите урнаа 240 метри висок ТВ столб при нападот во Харков (ВИДЕО)

22 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Емитувањето сигнал било прекинат во вториот по големина град во Украина, кој беше цел на руски ракети и беспилотни летала во последните неколку недели. „Во моментов има прекини во дигиталниот телевизиски сигнал“, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов. Тој додаде дека нема жртви бидејќи работниците биле во засолништа.

На снимката од местото на настанот се гледа како главниот столб на кулата се крши и паѓа додека облак чад се издигна на небото.

Од снимката не е јасно што ја погодило кулата, но властите во Харков рекоа дека Русија најверојатно користела крстаречка ракета Кх-59. Русија првпат нападна телевизиска кула во Харков на почетокот на март 2022 година, непосредно по започнувањето на својата инвазија. Сигналот во тоа време беше прекинат.

Москва неодамна ги засили своите напади, додека Украина се бори со недоволна способност за воздушна одбрана. Харков и околниот регион ги доживеаја најлошите напади.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ