Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русите и Американците и натаму заедно ќе летаат во вселената

28 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Руската вселенска агенција Роскосмос денеска во Москва објави дека ќе изврши нови заеднички летови до Меѓународната вселенска станица (МВС) до 2027 година.

Во овој период се планирани два лета со руски вселенски капсули Сојуз до ISS и три со капсулите Crew Dragon на SpaceX, објави новинската агенција Интерфакс во Москва, пренесе Роскосмос.

„Ова ќе обезбеди сигурност на работата на ISS“, објави Роскосмос.

Руската агенција исто така соопшти дека нејзините космонаути ќе можат да останат на ISS подолго - седум до девет месеци наместо просечните шест.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ