Француската доверба во претседателот Емануел Макрон падна на најниско ниво од протестите на „жолтите елеци“, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од агенцијата Толуна Харис Интерактив за телевизијата LCI.
Според резултатите од истражувањето, тројцата членови на француската влада се значително пред Макрон, кој има 32 отсто поддршка – само еден отсто повеќе отколку што имаше во ноември 2018 година, кога беше актуелен протестот на „жолтите елеци“ објави „Фигаро“.
Тројцата политичари со најголема доверба на Французите во декември се министерот за внатрешни работи Бруно Ретаљо и министерот за одбрана Себастијан Лекорни, кои ги поддржуваат 42 отсто од испитаниците, како и новиот министер за правда Жерар Дарманен, кој ужива 41 отсто од поддршката на граѓаните.
Анкетата е објавена вчера, а била спроведена на примерок од 1.104 испитаници.