Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова <a href="https://tass.com/politics/1893463">вели</a> дека западните земји планираат да ја дестабилизираат Србија и дека инспирирани од „шарените револуции“ вршат притисок врз легитимните власти.
Таа додаде дека властите во Приштина, со поддршка на САД и ЕУ, создаваат неподносливи услови за српското население на Косово, обидувајќи се да го протераат, притоа спречувајќи ја „Српската листа“ да учествува на изборите.
„Очигледни се обидите на колективниот Запад да ја разгори ситуацијата во земјата, користејќи техники на „државен удар во стилот на Мајдан“, додаде таа.
„Единствената можна реакција е да се држиме до словото и духот на уставот на земјата и да го почитуваме изборот на српскиот народ кој гласал за националните интереси на својата земја“, заклучи Захарова.