Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Протести во Виена против можната екстремно десничарска влада

4 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите.

Повеќето од останатите политички партии ја отфрлија можноста за коалиција со десничарите. Конзервативната Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка, но под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, да не презема никакви државни функции.

Кикл, сепак, има амбиции да стане канцелар.

Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред Парламентот носејќи транспаренти со натписи „Не во коалиција со нацистите“. На еден од плакатите Кикл е прикажан како марионета контролирана од рускиот претседател Владимир Путин, поради обвиненијата дека има проруски ставови.

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, денеска треба да започне разговори за формирање нова влада со сите политички лидери, почнувајќи со Кикл.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ