Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Потресно сведоштво на преживеан патник од страшната автобуска несреќа во Турција,загинаа 6 лица

18 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Еден од патниците во автобусот опишува што се случило:

„Спиев, појасот ми беше врзан и наеднаш се превртевме“, изјави Рамазан Дурмуш.

Се огласил и возач од автопатот, кого автобусот го престигнал непосредно пред да се преврти:

„Штом ме престигна, автобусот почна да оди лево-десно. Мислам дека возачот заспа, ги вклучив долгите светла и почнав да му свирам“, изјавил еден од возачите за „Хуриет“.

Турските медиуми јавуваат дека несреќата се случила утринава околу седум часот на 25-от километар од автопатот од Аксарај кон Анкара, недалеку од селото Аџипинар.

Гувернерот на провинцијата Мехмет Али Кумбузоглу изјави дека туристичкиот автобус превезувал патници од западната провинција Баликесир до регионот Кападокија, популарна туристичка дестинација во централна Турција.

По превртувањето, автобусот ја пробил заштитната ограда на автопатот и застанал по околу 90 метри.

Во автобусот имало 41 патник, двајца возачи и еден туристички водич. Веднаш по несреќата на местото на трагедијата излегле голем број полициски патроли и противпожарни возила, додека итните служби ги префрлиле повредените во болницата во Аксарај.

Телата на починатите се пренесени во истата болница каде ќе биде извршена обдукција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ