Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Полицијата во Лондон во потрага по напаѓач на мотор- без причина убил млад човек

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бесмисленото убиство, како што пренесува „Дејлимејл“, ја кренало полицијата на нозе.

Жртвата е идентификувана како Тикван Стивенсон-Волтерс (28).

Злосторството се случило во паркот Квинс во западен Лондон вчера вечерта нешто пред полноќ.

Семејството тврди дека убиениот бил „харизматичен млад човек“ и починал истата вечер во болница од здобиените рани.

Детективот Вејн Џолеј, кој ја води истрагата, ги повика граѓаните да ја контактираат полицијата доколку знаат нешто за ова кривично дело.

„ Го уверувам семејството дека ќе направиме сѐ што е во наша моќ да го изведеме пред лицето на правдата оној кој е одговорен за ова болно насилство“, рече тој и изјави дека жртвата не е член на банда или имал проблем со законот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ