Нестабилниот
Балкан не е во ничиј интерес и сега Балканот треба да има поголем приоритет
отколку што беше случајот во првиот мандат на Доналд Трамп, изјави поранешниот
советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон.
„Во вашиот регион
имате многу важни надворешни фактори кои се мешаат во внатрешните работи на
земјите. Ризикот од натамошна нестабилност е висок, за што придонесува и
војната во Украина. Постапките на администрацијата на Доналд Трамп не се
гаранција дека ќе има успех, особено што Европската унија досега беше целосно
неуспешна. Она што треба да се потврди е дека нестабилен Балкан не е во ничиј
интерес“, изјави Болтон за „Политика“.
Тој посочи дека
лидерите на европските земји се нови личности, различни од претходните и дека
во Европа има бројни предизвици, меѓу кои се изборите во Романија, изборите во
Германија кои ќе следат и, како што истакнува Болтон , „Емануел Макрон е во
неволја“.
„Во однос на
соработката на Трамп со овие нови лидери, тој смета дека ако има добри лични
односи со нив, тоа е од значителна корист, што звучи поедноставено. Ќе биде
неопходно да се соработува со новите европски лидери, што нема да биде лесно “,
рече Болтон.
Тој потсети дека
Трамп најави воведување царини за европските земји и оцени дека тоа ќе
предизвика контрареакција, а тоа отвора можност за предизвикување трговска
војна, која може да има значителни економски последици за САД и Европа.
„Трамп посочи
дека ќе воведе царини од 10 до 20 отсто за европските земји и 60 отсто за Кина.
Тоа може да предизвика војна во меѓународната трговија“, посочи Болтон.
Според него,
Ричард Гренел, кој беше избран за американски пратеник во руско-украинската
војна, имал аспирации да биде назначен за државен секретар, како искусен
дипломат и човек од доверба на Трамп, тој беше пратеник за Балканот и амбасадор
во Германија.
„На Трамп ќе му
треба помалку совети во вториот мандат и бидете сигурни дека тој ќе одлучи за
ова, како и за сите други клучни позиции. Трамп нема да се потпира на советите
на соработниците, туку ќе очекува неговиот персонал да ги спроведе неговите
одлуки. - нагласи Џон Болтон.
Тој посочи дека
претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување Џозеф Бајден може
да има значително влијание на две области до крајот на неговиот мандат, а тоа
се Украина и Блискиот Исток.
„Договорот со
Украина да може да користи софистицирано оружје со долг дострел длабоко на
руска територија требаше да биде одобрен пред три години. Сепак,
администрацијата на Бајден немаше никаква анализа или стратешки пристап за
решавање на овој проблем. Целосната цел на воениот ангажман во Украина ќе биде
враќање на суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја“, рече
Болтон
Тој додаде дека
верува оти нема брзо и лесно решение за украинскиот конфликт, како и дека не
верува оти Вашингтон ќе му пружи поголема помош на Киев до крајот на мандатот
на Бајден.
„Ако Трамп не
биде успешен во неговите мировни напори во Украина, тој ќе ја префрли
одговорноста на Зеленски или Путин, но не на себе“, рече Болтон, додавајќи дека
Трамп всушност сака да стави крај на војните на Блискиот Исток и Украина штом
можно, а тоа можеби имплицира дека тој не е толку загрижен за тоа како ќе
завршат овие војни колку за запирање на конфликтите.“
Тој додаде дека
во политичките кругови на власта постои мислење дека на претседателските избори
во САД Иран застана против Трамп, а Русија застана за него.
„Иранците
изразуваат загриженост дека Трамп ќе заземе цврст став кон Техеран, додека
друга линија на размислување е дека тој нема да биде толку строг кон Иран како
во неговиот прв мандат“, рече Болтон.
Тој посочи дека
ако војната на Блискиот Исток продолжи, може да се очекуваат посилни санкции
против Иран, како и дека се очекува Трамп да воведе санкции за Хутите во Јемен,
кои Иран ги снабдува со оружје.
„Целта е да се
обезбеди слободна морска пловидба низ Суецкиот канал, кој Хутите го блокираа
веќе една година. Решението на тоа прашање не треба да се занемари и се верува
дека Трамп ќе преземе соодветни мерки. Трамп сака војните да завршат што е
можно поскоро“, заклучи Болтон.