Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Пентагон одобрил дополнителна воена поддршка за Тајната служба за изборната кампања

30 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го одобри барањето за обезбедување дополнителна воена поддршка на Тајната служба за претседателските и потпретседателските кандидати за претстојните избори, соопштија вчера одделно Пентагон и Тајната служба.

Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг не даде детали за видот на поддршката што ќе биде обезбедена, но рече дека Остин и наредил на американската северна команда да планира и да обезбеди поддршка на Тајната служба на различни локации за време на изборите.

Портпаролот на Тајната служба подоцна изјави дека Тајната служба ги засилила своите безбедносни операции по митингот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на 13 јули во Пенсилванија, каде што поранешниот претседател беше ранет и преживеа обид за атентат.

- Како дел од овие напори, Министерството за одбрана и дава дополнителна помош на американската Тајна служба, вклучително и логистика, транспорт и комуникации, за време на кампањата во 2024 година, рече портпаролот на Тајната служба.

Обезбедувањето на митингот во Пенсилванија беше под истрага поради загриженоста за тоа како осомничениот можел да добие пристап до блискиот покрив со директен поглед на местото каде Трамп држеше говор.

Тајната служба соопшти дека се „срами“ поради безбедносниот пропуст, а директорката на Тајната служба Кимберли Читл поднесе оставка откако агенцијата се најде на удар на критики затоа што не спречила напаѓач да го рани поранешниот претседател Трамп на предизборен митинг.

Во престрелката загина еден учесник на митингот, а двајца беа ранети. ФБИ не можеше да утврди што го мотивирало осомничениот да пука./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ