Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Пеколно жешко во Долината на смртта во САД, температурите не паѓаат ниту ноќе

6 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Просечната дневна температура беше 42,5 степени, што е за 0,2 степени повисока од рекордот поставен во 2018 година, соопштија претставници на Националниот парк.

Во текот на рекордниот месец се забележани високи просечни температури од 49,9 степени, во текот на девет дена температурите биле над 51,7 степени, а само во текот на седум дена температурата не достигнала 48,8 степени, пишува IFLScience.

Највисоката температура е забележана на 7 јули и изнесувала 54 степени.

Ниската просечна температура во јули изнесувала 35,1 степен, што значи дека ни ноќе не паднала под тоа.

- Ова беше најтоплиот месец во историјата на најжешкото место на Земјата! Шест од 10-те најжешки лета забележани во последните 10 години треба да бидат повик за будење. Рекордни месеци како овој наскоро би можеле да станат норма бидејќи глобалните температури растат. Посетителите на паркот треба добро да ги планираат своите посети и да се подготват за екстремни температури во текот на летото - рече во соопштението началникот на националниот парк Долината на смртта, Мајк Рејнолдс.

Долината на смртта е позната по екстремните температури. Фернс Крик, дом на центарот за посетители, музејот и седиштето на Националниот парк, го држи рекордот за највисока забележана температура во светот. На 10 јули 1913 година таму биле измерени 56,7 степени.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ