Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Партијата на претседателот Асад победи на парламентарните избори во Сирија

18 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тоа се четврти парламентарни избори од почетокот на граѓанската војна во 2011 година, во која загинаа повеќе од половина милион луѓе, земјата е поделена, а милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Изборите се одржаа без вистинска опозиција. Опозицијата во егзил ги критикува како нелегитимни бидејќи не гласаа Сиријци кои живеат надвор од областите контролирани од Владата.

Шефот на Централната изборна комисија Џихад Мурад на денешната прес-конференција во Дамаск ги прочита имињата на победниците, без да прецизира која партија победи на гласањето.

Но, споредбата на имињата на победниците и листите на кандидати покажува дека БААС и нејзините сојузници освоиле 185 од 250 места во Народниот совет. Останатите пратенички места ги освоија кандидати, кои се кандидираа како „независни“, но најмногу од листите на БААС.

Арапско социјалистичка повторно родена партија (БААС) во Сирија е на власт од 1963 година, додека претседателот Башар ал-Асад раководи со земјата повеќе од две децении./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ