Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Париз одговара на критиките на Нетанјаху: Поддршка за Израел останува

6 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во изјавата, претседателската палата изрази жалење за „преувеличените“ зборови на Нетанјаху, уверувајќи дека Франција нема да дозволи Иран или неговите прокси групи да го нападнат Израел, јави ДПА.

Канцеларијата на Макрон соопшти дека претседателот верува дека е неопходно итно да се спречи ескалација во регионот, вклучително и итен прекин на огнот во Појасот Газа. Во овој контекст, претседателот повикал на запирање на испораките на оружје за Израел кои се наменети за користење во Газа.

Оваа изјава следеше по критиките на Нетанјаху кој вчера го оквалификува повикот на Макрон за запирање на испораките на оружје како „срамен“.

- Израел ќе победи со или без вас, изјавил Нетанјаху, според неговиот кабинет.

Во видео порака на платформата Икс, Нетанјаху рече дека повиците за ембарго на оружје од страна на Макрон и други западни лидери доаѓаат во време кога Израел се брани на „седум фронтови против непријателите на цивилизацијата“.

- Срам за нив, додаде тој.

На 7 октомври 2023 година, терористи од палестинската милитантна организација Хамас и сојузничките групи го нападнаа Израел, извршувајќи брутални масакри, во кои беа убиени над 1.200 луѓе и околу 250 лица беа киднапирани.

Од тој масовен напад, Израел спроведува масовни воени операции во Појасот Газа. Според најновите податоци од здравствените власти во Газа, за една година се убиени повеќе од 41.800 лица. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ