Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол, кој беше отстранет од функцијата по воведувањето на воена состојба на почетокот на месецов, повторно не се појави на распит во Националната агенција за борба против корупцијата, пренесува агенцијата Јонхап.
Јун прогласи воена состојба на 3 декември, по што беше сменет од функцијата со импичмент во јужнокорејскиот парламент.
Тој доби повик за распит од обединет истражен тим составен од полицијата, Антикорупциската служба и истражители од Министерството за одбрана.
Обвинет е за поттикнување бунт и злоупотреба на моќ преку воведувањето на воената состојба. Неговиот адвокат, Сјок Дон-хјон, соопшти дека Јун најверојатно нема да се појави на распитот, бидејќи се фокусира на постапката во Уставниот суд за валидноста на импичментот. /МИА