Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Осум австриски војници се повредени во ракетен напад врз камп во Либан

29 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Најостро го осудуваме овој напад и бараме итна истрага“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека не е јасно од која насока бил нападнат кампот и дека на ниту еден од војниците не му била потребна итна медицинска помош.

Да потсетиме, израелската армија пред нешто помалку од еден месец започна копнена операција во Либан. При започнувањето на операцијата, Израелците нагласија дека станува збор за „локализиран и насочен напад“ врз позициите на Хезболах во пограничната област на јужен Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика ОН да ги евакуираат припадниците на мировните сили (УНИФИЛ) од областите во Либан каде што продолжуваат конфликтите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ