Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ослободени се заложниците во затвор во рускиот регион Волгоград, киднаперите се ликвидирани

23 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Специјалните сили на руската гарда јавија дека нивните снајперисти ги убиле четворицата затвореници кои киднапирале чувари во казнената колонија со висока безбедност ИК-19.

Сите заложници се ослободени, потврдија снајперисти на специјалните сили на руската гарда во Волгоградскиот регион.

Затворениците кои со нож земаа заложници во ИК-19 се идентификуваа како борци од групата Исламска држава, забележаа агенциите.

Нападот се случил за време на состанокот на дисциплинската комисија на колонијата, соопшти руската Федерална казнена служба. /МИА
 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ