Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Орбан до Борел: Бирократските бесмислици на Брисел не донесоа мир во Украина

6 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел. Борел претходно оцени дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија и не ја претставува Европската унија.

 Орбан за време на посетата на Москва изјави дека иако биле потребни многу чекори за да се запре војната и иако позициите на Москва и Киев се уште биле многу далеку, неговата посета е првиот чекор кон обновување на дијалогот. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ