Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Огромна ајкула нападна рибари: Се појави наеднаш, од никаде (ВИДЕО)

27 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

За среќа, сѐ завршило без последици, па со видеото се пофалија на мрежите и предизвикаа големо внимание.

Тие биле во чамец, веднаш до брегот на Мулаби, во државата Саншајн Коуст, кога забележале голема бела ајкула. Чудовиштето на почетокот не било заинтересирано за нив, но ситуацијата брзо се променила.

„Леле, огромно е“, се слуша на видеото Џејден, кој ја спуштил камерата во водата за да направи што подобар кадар со огромната ајкула.

И додека неговиот пријател се обидувал да ја извлече рибата, ајкулата нападнала! Ги отворила вилиците и гризнала од страната на чамецот, оставајќи ги рибарите во шок.

„Таа само го гризна чамецот, мислам дека е време да одиме“, извика Австралиецот.

За среќа, морското чудовиште не било заинтересирано дополнително да ги плаши луѓето, па исчезнала во длабочините.

Откако се вратиле на брегот, Џејден го покажал „отпечатокот“ на острите заби на бродот.

„Еве што направи големата бела ајкула“, рече тој.

Тој го опишал своето искуство на Фејсбук како „незаборавно“, пренесува News.com.au.

„Никогаш нема да го заборавам ова. Убедливо најголемата ајкула што сум ја видел во животот! Беше долга најмалку пет метри“, објасни тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ