Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Одбивањето да им се помогне на мигрантите е „голем грев“, тврди папата Франциск

28 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Има такви кои систематски и со сите средства работат да не се прифатат мигрантите. А кога тоа се прави свесно и одговорно, тогаш е голем грев“, рече Франциск на аудиенција на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан.

Тој во својот говор повика на проширување на пристапните рути за мигрантите и за „глобално управување со миграцијата засновано на правда, братство и солидарност“, нагласувајќи дека проблемот нема да се реши со „милитаризација на границите“.

Во последниве недели, папата во своите аудиенции ги кажува своите размислувања за католичките духовни прашања.

Меѓународната организација за миграција процени дека од 2014 година, повеќе од 30.000 мигранти исчезнале додека го преминувале Медитеранот./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ