Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Обвинителството бара шест години затвор за италијанскиот вицепремиер Салвини

14 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Салвини пред пет години кога беше министер за внатрешни работи не дозволил брод на шпанската невладина организација „Опен армс“ (Open arms) со 147 мигранти да се закотви на италијанскиот остров Лампедуза.

Салвини денеска пред судот изјави дека доколку треба ќе ги повтори постапките од пред неколку години. Тој истакна дека неговата одлука била во согласност со строгите мерки против мигрантите и хуманитарните организации кои спасуваат мигранти во Средоземното Море.

Салвини истакна оти е горд што ги заштитил границите на Италија. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ