Стотици летови беа откажани денеска во Велика Британија бидејќи силни ветрови ја зафатија земјата за време на пред-божиќниот викенд, соопшти лондонскиот аеродром Хитроу, а погоден е и другиот сообраќај.
„Поради силниот ветер и ограничувањата на воздушниот простор денеска се откажани мал број летови“, се проценува на околу сто, објави лондонскиот аеродром, најголемиот во Велика Британија и Европа по број на патници. Веќе вчера Хитроу откажа неколку летови, што главно ги погоди патниците на Бритиш ервејс.
И сите патувања меѓу Ларн во Северна Ирска и Каирнријан во јужна Шкотска се откажани најмалку до 20 часот по локално време, соопшти британската бродска компанија P&O Ferries.
Покрај тоа, патиштата мораа да бидат затворени, а возовите од вчера сообраќаат со намалена брзина, што доведе до откажувања и значителни доцнења за време на овој исклучително напорен викенд, за време на кој милиони Британци планираат да патуваат.
Британската метеоролошка служба соопшти дека жолтите предупредувања за силни ветрови ќе останат во сила до 21 часот по локално време, со налети до 125 километри на час. Ветерот треба да се намали во понеделник навечер.