Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Нетанјаху ја напушти болницата за да присуствува на седница во Кнесетот

31 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според израелскиот портал „Вала“, Нетанјаху присуствувал на пленарната седница и покрај препораките на лекарите. Болницата, каде што била извршена операцијата, претходно соопштила дека неговото закрепнување тече без значајни компликации.

Членовите на владејачката коалиција побарале одложување на гласањето за два закони за буџетот, додека се обидуваат да соберат доволна поддршка за мерките за спречување на буџетски дефицит од околу 15 милијарди израелски шекели (околу 3,8 милијарди евра).

Нетанјаху во неделата беше подложен на операција за отстранување на простатата, поради дијагностицирана инфекција на уринарниот тракт предизвикана од бенигно зголемување на простатата, соопшти неговиот кабинет. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ