Туск претходно изјави дека приватните канали ТВН, во сопственост на американската компанија Ворнер Дискавери, и Полсат ќе бидат додадени на списокот поради заканата од странско мешање. Туск како причина ја наведе „хибридната војна“ против земјите во регионот.
Романскиот Врховен суд ги поништи претседателските избори овој месец по обвинувањата за руско влијание, особено на социјалните мрежи. Русија негира дека се меша во изборите во странски земји.
„Донесовме уредба врз основа на која додадовме компании како Cyfrowy Polsat, P4 - компанијата која управува со Play, TVN, Polsat телевизија, T-Mobile и WB Elektronika на списокот на субјекти кои подлежат на заштита“, изјави Туск по седницата на владата.
„Веќе има претходно заштитени компании на оваа листа - Tauron Polska, Orlen, Emitel, Grupa Azoty, Gaspol. Не треба да ја оправдувам неопходноста од заштита од ризикот оние компании, кои се клучни за безбедноста на Полска, да паднат во погрешни раце“, додаде Туск.
Досега, на листата на полски стратешки компании главно се вклучени енергетски, хемиски и телекомуникациски компании.