- Најмалку двајца мигранти од Тунис, меѓу кои и едно петгодишно дете го загубија животот, а 17 други се спасени по бродоломот во близина на брегот на таа земја, соопшти денеска Националната гарда.
Како што се додава, по инцидентот се уапсени четири лица, под сомнение дека се „вклучени во транспорт на мигранти и организирање тајни премини“, пренесува АНСА.
„Операцијата овозможи да се спасат прво дванаесет лица, а потоа уште пет во морето додека пливаа подалеку од потонатиот брод“, соопшти Националната гарда.