Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најмалку 20 лица починаа од топлотен удар во Мароко- температурите до 48 степени

25 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Смртните случаи биле регистрирани вчера во градот Бени Мелал, кој се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Рабат, објави државната новинска агенција МАП, повикувајќи се на локалните здравствени власти.

Повеќето од загинатите се стари лица и хронично болни на кои здравствената состојба им се влошила поради екстремните температури, додава агенцијата. 17 лица починале во болница, а уште четворица надвор од неа, соопштија властите. Градските здравствени власти ги советуваа луѓето да се држат подалеку од сонце и да побараат лекарска помош доколку е потребно.

Мароко оваа недела го зафати топлотен бран. Температурите во вторник и среда достигнаа 48 степени Целзиусови во некои делови од земјата, соопштија метеоролошките власти.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ