Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најголемиот израелски синдикат почна генерален штрајк поради убиството на заложници во Газа

2 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Штрајкот се одржува еден ден по објавувањето на инфорамцијата дека во Појасот Газа се пронајдени тела на шест заложници.

Протестната акција започна утрово во 6 часот по локално време - во 08:00 часот протестираат и вработените на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив, што ќе резултира со прекин на сите слетувања и полетувања на авионите.

„Не можеме да продолжиме да стоиме и само да гледаме“, рече водачот на Хистадрут, Арнон Бен-Давид. Фактот дека Евреи ги убиваат во тунелите во Газа е неприфатливо. Треба да се договориме (со палестинската вооружена група Хамас), договорот е поважен од било што друго“, додаде тој.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) преку Телеграм вчера објавија дека војниците откриле и извлекле тела на шест заложници од подземен тунел во јужниот дел на Појасот Газа. Според војската, тие биле убиени од борците на Хамас.

Четворицата мажи и две жени беа киднапирани за време на нападот предводен од Хамас во јужен Израел на 7 октомври, соопшти ИДФ.

Портпаролот на палестинската група тврди дека заложниците биле убиени во израелско бомбардирање, јави ДПА./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ