Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

„Монструмот од Авињон“ на суд ѝ се обрати на сопругата, за која плаќал мажи да ја силуваат

17 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Серискиот силувач и криминален мозок кој „формирал група“ за брутално да ја малтретира неговата сопруга Жизел, ги кажал последните зборови на судењето, во кое побарал прошка од семејството.

„Прво, би сакал да ѝ оддадам почит на мојата сопруга и нејзината храброст“, рече Доминик, кој потоа побарал од сопругата и од целото семејство „да го прифатат неговото извинување“, пишува Билд.

Се очекува пресудите да бидат изречени во четврток, а на Доминик Пелико му се заканува максимална затворска казна од 20 години, јавува денеска Анса.

Обвинителството барало затворска казна од 10 до 18 години за останатите обвинети, додека четири за едно од лицата обвинети за „малтретирање“ на жртвата.

Во текот на 14-неделното судење, Жизел Пелико доби извинување од нејзиниот поранешен сопруг и само 15 обвинети, додека другите одбија да се обратат пред судот или изјавија дека Доминик Пелико ги „измамил“ велејќи им дека Жизел доброволно учествувала во сексуалниот чин.

Од почетокот на судењето, Жизел Пелико стана феминистичка икона во Франција, а нејзиниот слоган „Срамот мора да ја смени страната“ беше поздравен од организациите за правата на жените ширум светот.

Доминик Пелико ги призна обвиненијата и рече дека речиси десет години бил во контакт со мажи на платформа за онлајн разговор, каде под шифра „Без нејзино знаење“ организирал доаѓање на непознати во нивната куќа за да ја силуваат додека таа била во некаков вид кома.

Признал дека и самиот тој ја силувал.

Жизел Пелико минатиот месец на суд изјави дека никогаш не му дала согласност на тогашниот сопруг за такво нешто.

За време на двомесечното судење, судот сослушал десетици обвинети мажи, од кои повеќето имале позадина на силување.

Некои изјавиле дека мислеле дека таа се преправала дека спие или игра некаква игра или дека чувствуваат дека одобрувањето на нејзиниот сопруг е доволно.

Мажите на кои им се суди биле на возраст меѓу 26 и 74 години и вклучуваат болничар, новинар, затворски чувар, член на градскиот совет, војник, возач на камион и земјоделци.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ