Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Мелони и Фон дер Лајен разговараа за европскиот пазар и илегалната миграција

20 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што се наведува, Мелони и Фон дер Лајден разговарале за влијанието на зелените политики врз автомобилската индустрија и загриженоста на италијанските фармери поради договорот ЕУ-Меркосур, со кој се зголемува увозот на говедско месо, живина и шеќер од земјите од Латинска Америка во Европа.

Покрај тоа, за време на средбата „посебно внимание беше посветено на европската миграциска политика, согледувањето на постигнатите резултати и (новите) алатки за управување со феноменот миграција“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Двете лидерки се согласија за натамошно зајакнување на соработката и комплементарноста меѓу италијанскиот план „Матеи“ за развој на Африка, кој има за цел да ја зголеми улогата на Италија на континентот преку инвестиции во енергетска безбедност и економски проекти, и Глобалната капија, стратегија на ЕУ за намалување на глобалниот инвестициски јаз./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ