Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Маск: Помилувањето на Хантер Бајден го загрозува интегритетот на САД

2 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

-Не ме засегаат дрогите, но да се загрозува интегритетот на Соединетите Држави – тоа е неприфатливо, напиша Маск на социјалната мрежа „Икс“

Реакцијата е коментар на објавата на Дејвид Маркус, шеф на криптосекторот на компанијата Meta, кој напиша дека „тврдењето дека причина за помилувањето на Хантер е дека тој е жртва на правна војна, е до невидена мера иронично“.

Претходно, Бајден го помилува својот син, кој беше обвинет за незаконско поседување оружје и прикривање на даноци. Претседателот истакна дека гонењето на неговиот син е поврзано си нивната роднинска врска што политичките противници ја користеле за да вршат притисок врз него.

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го нарече решението на Бајден пример за злоупотреба и прекршување на правото. Трамп претходно не исклучи дека би можел да го помилува Хантер Бајден во случај да биде повторно избран./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ