Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Манекенка, издрогирана со „розев кокаин“ направила ужас на улиците на Мајами (ВИДЕО)

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Таа возела со својот нов бел Мерцедес во Мајами во раните утрински часови на 10-ти август. Возела 130 на час на улица, каде е дозволено 50, пренесе Ен-Би-Си.

Во еден момент Мејси изгубила контрола и удрила во автомобил пред неа, кој потоа удрила во друг автомобил во кој се превезувале луѓе кои оделе на работа.

Еден од патниците едвај бил извлечен од автомобилот, но набргу починал.

Во оваа несреќа се повредени неколку лица, од кои еден исто така им подлегнал на повредите.

Како изгледала местото на несреќата по страшната несреќа, покажуваат снимките од камерите, кои биле прикачени на телата на полицајците.

На видеото се гледа и Мејси, која е на земја и тешко дише, додека рацете ѝ се врзани со лисици. Во еден момент почнала да вреска од болка.

Во полицискиот извештај се наведува дека Мејси возела без дозвола, а при сослушувањето тврдела дека е „патник низ времето“.

„Погледни долу, остани така. Таа е под туса“, рекол полицаецот.

Туса е вид на дрога која е попозната како „розов кокаин“ и често се користи на забави.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ